Дома Фудбал Англија Ширер знае кога Кејн може да го напушти Тотенхем, објасни и зошто

Ширер знае кога Кејн може да го напушти Тотенхем, објасни и зошто

Легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер смета дека Хари Кејн ќе го напушти Тотенхем ако клубот наредната сезона не освои некој трофеј.

Кејн веќе неколку сезони е прва ѕвезда на Тотенхем, но сигурно дека го фрустрира тоа што клубот не може да освои ниту еден трофеј.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За неговите услуги интерес покажуваат бројни европски гиганти и Ширер смета дека Кејн ќе ги одбива само уште ова лето.

„Мојата претпоставка е дека ако ништо не освојат во наредните 12 месеци, Кејн ќе си замине. Ова лето нема да брза, меѓутоа ако и наредната не освојат некој трофеј тогаш веќе нема да ги чека“, смета Ширер.

За услугите на Кејн претходно интерес покажуваа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…