Дома Фудбал Репрезентации Чудото од дете на Барселона донесе одлука за која репрезентација ќе игра

Чудото од дете на Барселона донесе одлука за која репрезентација ќе игра

Aнсу Фати е фудбалер за кој многу се пишува во последно време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фати стана најмладиот стрелец во историјата на Барселона и имаше можност да игра за две силни европски селекции, Португалија и Шпанија.

Тој е роден во Гвинеја Бисау, меѓутоа е жител на Португалија, меѓутоа на крајот тој се одлучи да игра за Шпанија, иако нема пасош. Јасно е дека може да го добие затоа што неговите родители пред повеќе од една деценија се преселиле во Барселона.

„Мојата желба е да играм за Шпанија“, изјави Фати.

Сега преостанува Шпанците да ги завршат формалностите и Ансу да добие право на спортски пасош преку ФИФА после што ќе може да игра за „Црвената Фурија“.

Постои можност Фати да заигра за Шпанија на Мундијалот до 17 години кој ќе започне на 26-ти октомври во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Meси вечерва може да го урне големиот рекорд на Клосе!

По победите во првите дуели, фудбалските репрезентации на Аргентина и Австрија ќе се сооча…