Напаѓачот на Бока Јуниорс даде навистина чудна изјава пред големиот реванш во финалето на Копа Либертадорес.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Најискусниот фудбалер на Бока Јуниорс, Карлос Тевез смета дека реваншот од ова финале требало да се игра на „Монументал“ и дека сега Ривер има помал притисок.
Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Сити и Јувентус смета дека шансите во овој момент се 50:50.
„Ќе биде чудно во Мадрид. Сепак, како играч јас морам да бидам фокусиран на натпреварот. Среќен сум што се игра во Шпанија, а не во некоја друга земја од Европа, но истовремено и тажен што не е во Аргентина“.
„Ривер ќе имаше поголем притисок доколку натпреварот се играше на нивни терен, сега е 50:50. Искрено, мислам дека најправедно беше да се игра на стадионот на Ривер како и што беше планирано, но сега не можеме ништо да направиме“, изјави Тевез.