Марсело Беклер, човекот кој прв најави дека Нејмар ќе ја напушти Барселона и ќе потпише за ПСЖ, сега ја носи веста за Лионел Меси.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Аргентинецот вчера ги шокираше сите со одлуката дека побарал раскин на договорот со каталонскиот гигант, но раководството на клубот се уште не е помирено со одлуката и тврди дека Меси не може да оди.
Ако и се верува на информацијата која ја пласираше Беклер, следниот клуб на аргентинската ѕвезда би можел да биде Манчестер Сити.
Според неговите информации преговорите помеѓу Меси и „граѓаните“ се започнати, но најпрво Меси треба да го реши проблемот со Барселона.
Барселона не сака да го пушти бесплатно бидејќи смета дека неговиот договор автоматски е продолжен, откако тој не ги известил на време на заминувањето и немаат намера да го ослободат од договорот.
Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата, па сигурно ќе биде главна тема до крајот на преодниот рок.
Messi quer jogar no Manchester City. Trata a saída do Barcelona como algo que dói na alma, mas o fim de um ciclo pic.twitter.com/FVMPDvB7Go
— Marcelo Bechler (@marcelobechler) August 26, 2020