Дома Фудбал Останато Чеферин: Мораме да спречиме да се формира Европска Супер лига

Чеферин: Мораме да спречиме да се формира Европска Супер лига

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, за прв пат се огласи за европската Супер лига, која се планира да ја создадат европските гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Европската Супер лига би се состоела од 18 најсилни европски клубови, и да се игра во „класичните термини за европски фудбал“, а почетокот е планиран за 2022 година.

Тоа ќе ја „уништи“ актуелната Лига на шампиони, па поради тоа Чеферин апелира да се спречи нејзино формирање.

Сепак, медиумите се сигурни дека Чеферин е против формирањето на ваква лига, бидејќи УЕФА ќе изгуби ексклузивитет на „пакет“ од 6 до 10 милијарди евра годишно.

„Како прво, мора да сториме се за оваа лига никогаш да не се случи. Не сум сигурен дали клубовите го сакаат тоа или само ја туркаат целата приказна со закани. Ако е така, тие успеаја во тоа. Тоа натпреварување нема да биде добро за средните и мали федерации“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што мислеше, човек?! Неверојатната грешка на голманот Муслера го чинеше Уругвај победа

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови продолжува со пишување на најубавите с…