Дома Топ вести Челзи ја одредил цената за Азар, како ќе реагира Перез?

Челзи ја одредил цената за Азар, како ќе реагира Перез?

Eден Азар долго време се поврзува со Реал Мадрид и очекувањата се дека тој трансфер ќе се случи, само прашање на време е кога.

Како што пренесуваат англиските медиуми, клубот од Мадрид со Азар првиот контакт го направил уште во март, а разговорите сега се ставени на чекање.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Белгиецот со Челзи игра финале во Лигата на Европа против Арсенал во среда во Баку, а Реал потоа планира повторно да отвори преговори за да го доведе Азар.

Меѓутоа ако информациите од Островот се точни тие преговори нема да одат лесно затоа што Челзи за Азар бара сума од 130 милиони фунти со вклучени бонуси.

Клубот од Мадрид од друга страна на е сака да плати повеќе од 88 милиони фунти. Азар според информациите ја известил управата на Челзи дека сака да го напушти Лондон и да се пресели во Мадрид и дека нема намера да потпише нов договор.

Ситуацијата се искомплицирала кога Челзи доби забрана за доведување играчи во наредните два преодни рок, а покрај тоа Калум Хадсон-Одои се здоби со тешка повреда поради која долго време ќе биде надвор од терените, токму во него навивачите гледаат потенцијален наследник на Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Повеќе нема дилеми: Познати детали од договорот на Компани и Баерн

Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг на Твитер објави дека Баерн конечно ја зав…