Дома Фудбал Англија Челзи се соочува со жестока казна: Две години забрана за трансфери

Челзи се соочува со жестока казна: Две години забрана за трансфери

Постои реална можност Челзи да добие тешка казна од ФИФА така што ќе му биде наложено на клубот трансферно ембарго за цели две години, пренесуваат англиските медиуми.

Истрагата на трансферот на Бертран Траоре која траеше цели три години веќе е завршена. Заедно со овој се разгледани сите подробности за уште 13 други трансфери, на играчи под 18 години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според францускиот медиум „Медиапарт“, а кој се повикува на откритијата од „Footbaal Leaks“ комисијата на ФИФА препорачала да му биде наложена казна на Челзи од 45.000 фунти и клубот да добие забрана за привлекување на нови фудбалери цели четири трансферни периоди.

Комисијата утврдила дека има нарушување на правилата кај сите 13 трансфери и бара жестока казна за лондонскиот клуб.

Медиумот открива дека ФИФА врши истрага и за други клубови од Премиер лигата кои правеле исти или слични престапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…