Дома Топ вести Челзи сака да го „украде“ Гави од Барселона

Челзи сака да го „украде“ Гави од Барселона

Шпанските медиуми пренесуваат дека Челзи е силно заинтересиран за 17-годишниот талент на Барселона, Гави и сака да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот договор на Гави истекува во јуни 2023 година, а во него има откупна клаузула од „само“ 50 милиони евра.

Гави блесна оваа сезона и со своите настапи ја импресионираше цела Европа, па на 17 години веќе е стандарден член на шпанската репрезентација.

Поради тоа Барселона веќе започна преговори за продлжување на соработката, а во новиот договор ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра, исто како кај Педри и Фати.

Пред да биде потпишан договорот, Челзи ќе се обиде да го „украде“ Гави и да ја плати откупната клаузула.

Меѓутоа, конечната одлука сепак ќе ја има самиот фудбалер, а се чини дека тој преферира да остане на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…