Дома Топ вести Челзи под договор има девет голмани, сега купи и десетти

Челзи под договор има девет голмани, сега купи и десетти

Иако има голем број на играчи во своите редови, екипата на Челзи продолжува да се засилува и сега се засили со голманот Мајк Пендерс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пендерс со клубот од Премиер лигата стави потпис на договор до јули 2032 година. Според информациите на новинарот Фабрицио Романо „сините“ за неговите услуги ќе платат сума од 20 милиони евра.

Младиот голман важи за голема надеж и многумина го сметаат за наследник на Тибо Куртоа.

За своето деби во Лондон ќе почека бидејќи ќе остане на позајмица во Генк, а во овој момент како регистрирани голмани Челзи ги има: Роберт Санчез, Филип Јоргенсен, Кепа, Ѓорѓе Петровиќ, Маркус Бетинели и Лукас Бергстром.

Тука се и уште позајмените Габриел Слонина (Барнсли), Еди Бич (Крули Таун) и Теди Шармен Лоу (Донкастер Роверс).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…