Дома Фудбал Англија Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше највисоката победа во натпреварите против градскиот ривал.

Но, освен тоа со овие пет примени гола Челзи сруши и еден негативен рекорд кој се однесува на целата сезона. Имено, избраниците на Маурисио Покетино по 32 кола имаат примено 57 голови што е најмногу во историјата во една сезона за овој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Арсенал прими вкупно седум голови (5:0 и 2:2), од Вулверхемптон прими шест (4:2 и 2:1), од Манчестер Сити пет (4:4 и 1:0) исто толку и од Ливерпул (4:1 и 1:1), од Брентфорд четири (2:0 и 2:2)…

Со оглед на тоа како игра Челзи до крајот на сезоната рекордот веројатно ќе биде зголемен бидејќи „сините“ треба да играат против: Астон Вила, Тотенхем, Вест Хем, Нотингем Форест и Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…