Челзи потроши повеќе од 300 милиони евра во јануарскиот преоден рок, но веќе спрема големи засилувања за лето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Веќе е јасно дека ќе пристигне Кростофер Нкунку, но Челзи преговара со уште еден играч на Лајпциг, а станува збор за дефанзивецот Јошко Гвардиол.
Во клубот веруваат дека Гвардиол ќе биде наследник на Тиаго Силва,а Лајпциг во летниот преоден рок одби понуда од 80 милиони фунти за него.
Хрватскиот репрезентативец се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Челзи сака да ја победи конкуренцијата и спрема рекордна понуда од 100 милиони евра за младиот дефанзивец.