Дома Фудбал Челзи – Кога ќе вложите 875.000.000 и ќе бидете уште полоши

Челзи – Кога ќе вложите 875.000.000 и ќе бидете уште полоши

Акумулирањето квалитетни играчи никогаш не се исплатело, дури ни во време кога инфлацијата не влијаеше толку на фудбалот и каде што секој просечен премиерлигаш вредеше 50 милиони евра.

Во Челзи изгледа не го знаат тоа и се обидуваат да изградат тим кој ќе освојува трофеи, но имаа големи неуспеси и нема тренер кој може да вклопи куп нови играчи во секој преоден рок во добар тим кој ќе се бори за титулата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Процесот е поинаков, подолг, инстант успех со пари во Премиер лигата одамна е невозможен, а за тоа говорат и 875-те милиони евра кои Челзи ги потроши на нови засилувања во последната година.

Посебно е интересно, како што пишува „Мирор“, кога ниту еден навивач во анкетата не можел да ги наведе сите засилувања на Челзи во еден преоден рок.

Моментално десеттото место на Челзи е послаб пласман од пред само една година. Да потсетиме дека на истиот датум пред 365 дена беа осми…

Се чини дека не е се во парите, останува на играчите и стручниот штаб на Челзи да го докажат спротивното до крајот на сезоната, за да не гледаме нови „инвестиции“ на Челзи на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…