Челзи триумфално го мина тешкото гостување во Ливерпул, кај Евертон, додека манчестерските тимови, Јунајтед и Сити освоија само по еден бод во дуелите со Свонси односно Мидлзброу.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Челзи веројатно ја оствари клучната победа во борбата за шампионската титула, откако во 35.коло славеше на „Гудисон“ кај Евертон со 3:0.
Екипата на Антонио Конте до победата дојде во второто полувреме кога ги постигна трите гола.
„Сините“ головите ги постигнаа преку Педро, капитенот Кејхил и Вилијан.
Мидлзброу на „Риверсајд“ два пати водеше против Сити, а гостите од пораз ги спаси тинејџерот Габриел Жесус со голот постигнат на пет минути до крајот на мечот.
Претходно, Негердо постигна гол за 1:0. Во вториот дел израмни Агуеро, а нова предност на домаќинот му донесе Чемберс во 77.минута.