Дома Фудбал Англија Челзи веќе го пронајде заменикот на Сари

Челзи веќе го пронајде заменикот на Сари

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович нема намера да му врачи отказ на Маурицио Сари пред крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

Сепак, шансите Италијанецот да остане на клупата на „сините“ се многу мали, па Челзи почна да му бара замена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според „Сан“ единствената варијанта Сари да добие отказ пред крајот на сезоната, е ако испадне од Лига Европа, притоа нема шанси да го достигне четвртото место во Премиер лигата.

Во клубот се убедени дека Сари не е адекватен тренер и следната година сигурно ќе ја започнат со нов кормилар, а англиските медиуми го објавија и името на фаворитите.

„Сан“ тврди дека во моментов има двајца фаворити за тренерското столче на „Стенфорд Бриџ“, а тоа се тренерот на Вулверхемптон Нуно Еспирито Санто и легендата Френк Лампард кој во моментов го води Дерби Каунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…