Дома Фудбал Чекавме, но вредеше, Мурињо оригинален како и секогаш: Еве како ја прокоментира размената!

Чекавме, но вредеше, Мурињо оригинален како и секогаш: Еве како ја прокоментира размената!

Размената на релација Јунајтед – Арсенал, (Санечез – Михатријан) не би била комплетна доколку не беше прокоментирана од „специјалниот“.

Жозе Мурињо неколку дена по комплетирањето на размената се огласи во јавноста.

„Останав без фантастичен играч, но и господинот Венгер исто така остана без фантастичен играч. Добив фантастичен играч, но и господинот Венгер доби фантастичен играч, па така оваа зделка е добра и за двете страни. Добра е бидејќи Алексис еден фантастичен клуб каков што е Арсенал го замени за џиновски каков што е Манчестер Јунајтед, додека Мики само премина во фантастичен клуб каков што е Арсенал“, изјави Мурињо.

Мурињо потоа и му посака среќа на Михтаријан.

„Верувам дека во Лондон Мики ќе биде подобар отколку кај нас. Трансферот е добар за сите, среќен сум поради него. Дали можев да извлечам повеќе од неговиот талент? Можеби и тој можеше малку повеќе да се потруди да се адаптира кај нас. Можеби…“, заврши „специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Удар за Реал пред „Ел Класико“: Куртоа отпадна, Лунин пред сезонско деби

Грипот го исфрли Тибо Куртоа од пресметката со Барселона, па Реал ќе мора да се потпре на …