Дома Фудбал Чалханоглу не е задоволен од понудата на Милан, Малдини спрема нова понуда

Чалханоглу не е задоволен од понудата на Милан, Малдини спрема нова понуда

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Хакан Чалханоглу.

Тренерот Пиоли му ја најде вистинската позиција на теренот, па Чалханоглу конечно го покажа својот потенцијал.

Неговиот договор со Милан истекува следното лето, но „росонерите“ сакаат да го задржат по секоја цена, и започнаа преговори со неговиот агент.

Малдини веќе имал средба со агентот на турскиот репрезентативец и му понудил нов тригодишен договор тежок 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси, но проблем е што Чалханоглу бара најмалку 5 милиони евра по сезона.

Двете страни ги продолжуваат преговорите со цел да најдат заеднички јазик, а Манчестер Јунајтед и Интер внимателно ја следат ситуацијата бидејќи се заинтересирани за турскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…