Дома Фудбал Чави поставил осум услови за да седне на клупата на Барселона

Чави поставил осум услови за да седне на клупата на Барселона

Легендата на Барселона и актуелен тренер на Ал Сад, Чави Ернандес поставил осум услови за да седне на кормилото на клубот од „Камп Ноу“.

Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал имаше две средби со Чави за да го убеди да седне на клупата на каталонскиот клуб, но на крајот легендата ја одби понудата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После тоа беше назначен Кике Сетиен за нов тренер на Барса, а сега медиумите ги откриваат причините поради кои Чави одбил да седне на клупата на „својот“ клуб.

Меѓу најважните барања на Чави биле да биде назначен од јуни, а не среде сезона, притоа да ја има целата спортско-техничка власт во Барселона и да го донесе Карлес Пујол во својот стручен штаб.

Чави не сакал никој да му се меша во донесувањето на одлуки и сакал да го има последниот збор како за сите засилувања, така и за случувањата во „Ла Масија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…