Дома Фудбал Чави објасни зошто се предомислил и решил да остане тренер на Барселона

Чави објасни зошто се предомислил и решил да остане тренер на Барселона

Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона Чави Ернандез во четвртокот изјави дека одлучил да остане на клупата на тимот од Каталонија бидејќи ја чувствува довербата на раководството и верува во добри резултати во иднина. На 27 јануари, по поразот од Виљареал од 3:5, Чави изјави дека ќе си замине во јуни, иако договорот му истекува летото 2025 година.

„Тогаш мислев дека е неопходно за тимот, но сега го мислам спротивното. Верувам дека овој проект не е завршен“, изјави 44-годишниот Чави на прес-конференција во Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч од средниот ред седна на клупата во ноември 2021 година, а минатата сезона со Барселона го освои шпанското првенство и Суперкупот.

Оваа сезона, сепак, на Каталонците не им оди најдобро. На шест кола пред крајот на првенството заостануваат 11 бода зад лидерот Реал Мадрид.

Сезонава сигурно нема да освоиме ниту еден трофеј“, изјави Чави. „Но, тоа не значи дека овој проект треба да заврши“. Претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко заклучија дека Чави е најдоброто решение за следната сезона и покрај резултатскиот пад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…