Дома Фудбал Чави: Не сме слепи, Реал свесно влиае на судиите

Чави: Не сме слепи, Реал свесно влиае на судиите

Тренерот на Барселона, Чави Ерандез уште еднаш го обвини големиот ривал Реал Мадрид дека врши влијание на судиите во Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе неколку недели клупската телевизија на „кралскиот клуб“ емитува снимки од судиски одлуки на нивна штета.

„Веќе реков дека раководството на Реал Мадрид влијае на судиите и тоа го прави секоја недела. Тоа не ми се допаѓа. Мислам дека тоа го прави првенството бесмислено. Судиите се под влијание и тоа е факт“, истакна Чави.

„Судиите влијаат врз резултатите, со тоа и на исходот на целото првенство, не сме ни слепи ни глупави, тоа го кажа и Диего Симеоне неодамна, но сепак ништо не се менува“, додаде Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…