Дома Фудбал Чави: Испаднавме поради човек кој не ја разбира играта. Катастрофа

Чави: Испаднавме поради човек кој не ја разбира играта. Катастрофа

ПСЖ загуби со 2:3 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на домашен терен, но во реваншот во Шпанија ја совлада Барса со 4:1 и победи во полуфиналето со вкупен резултат 6:4.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За време и по натпреварот тренерот на Барселона беше видно револтиран од одлуките на судијата.

„Одигравме многу добра сезона во Лигата на шампионите и следната година ќе се обидеме повторно. Со 10 играчи е многу тешко да се игра со ПСЖ. Штета што целата наша работа оваа сезона заврши вака само поради една одлука. Сакав против Енрике да можам да играм 11 на 11“, изјави Чави по натпреварот и додаде:

„Додека бевме рамноправни, тоа беше сосема поинаков натпревар. Бевме многу добро организирани со 11 на 11. Му кажав на судијата дека донесе многу лоша одлука кога го исклучи Араухо. Му реков дека не ја разбира играта. Катастрофа. Не сакам да зборувам за судии, но таа одлука не погоди, додаде тренерот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Секој главен судија на Светското првенство ќе си оди со повеќе од 100 000 долари

Екипите кои ќе бидат елиминирани уште во групната фаза на Светското првенство во фудбал ќе…