Дома Фудбал Англија Црно сценарио за Јунајтед или Арсенал: Можат да останат без ЛШ иако завршат на четврто место!

Црно сценарио за Јунајтед или Арсенал: Можат да останат без ЛШ иако завршат на четврто место!

Во Англија оваа сезона владее голема борба за излез во Лигата на шампиони, па Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал водат жестока борба.

Само две од овие четири екипи можат да завршат на посакуваното трето и четврто место, односно позиција која води во Лигата на шампиони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нормално, постојат и други опции да се избори пласман во Лигата на шампиони. Овосезонскиот победник во најелитното натпреварување автоматски ќе избори настап за следната сезона, односно ќе има прилика да го брани трофејот.

Притоа, автоматски настапи во Лига на шампиони ќе има и победникот во Лига Европа. Па тука почнуваат некои чудни калкулации, но со оглед на фактот што во фудбалот често се случуваат „чуда“ и не е така невозможно.

Имено, доколку Тотенхем и Челзи завршат на петото и шестото место во Премиер лигата, а притоа ги освојат Лигата на шампиони и Лига Европа, екипата која ќе заврши на четврто место ќе остане без настап во ЛШ.

Причина за тоа е што во тој случај Англија би имала шест преставници во ЛШ, а максималниот број за една држава е пет претставници.

Со самото тоа четвртопласираната екипа од Премиер лигата би била приморана наредната сезона да настапива во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…