Дарушафака ја комплетира листата на тимови кои изборија пласман во Топ 8 фазата, во кошаркарската Евролига, откако решавачкиот натпревар турскиот тим ја победи Црвена звезда 78:62.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дарушафака, екипа која има еден од најголемите буџети во Евролигата, во последното коло успеа да избори пласман меѓу најдобрите осум тимови. Дарушафака ја победи Црвена звезда 78:62 и со скор 16 победи и 14 порази го обезбеди осмото место. Идентичен однос на победи и порази има и белградскиот тим, но Дарушафака има подобар меѓусебен скор.
Вилбекин со 22 и Вонамејкер со 16 поени беа најефикасни во редовите на Дарушафака.
По одигрувањето на последното коло, формирани се четвртфиналните двојки: (1) Реал-(8) Дарушафака, (2) ЦСКА Москва-(7) Басконија, (3) Олимпијакос-(6) Анадолу Ефес и (4) Панатинаикос-(5) Фенербахче.
Плејоф фазата ќе стартува на 18 април, се игра по системот 2-2-1, а на завршниот турнир ќе одат тимовите кои ќе стигнат до три победи.
Ф4 турнирот во Евролигата оваа година ќе се игра во Истанбул од 19. до 21.мај.