Дома Фудбал Англија Целиот Остров на нозе: И Лампард со решение за наследникот на Венгер!

Целиот Остров на нозе: И Лампард со решение за наследникот на Венгер!

Легендарниот фудбалер на Челзи знае кој би бил совршен човек за „Топчиите“ по Арсен Венгер.

Една од главните теми во фудбалската јавност во изминатиот месец е празната менаџерска позиција кај лондонски Арсенал.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Арсен Венгер ја напушти екипата по 22 години, а се уште се шпекулира за тоа кој би можел да го наследи.

Според последните информации најголеми шанси има Микел Артета, некогашниот фудбалер на овој клуб, кој во изминатите две години соработуваше со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Сега своето мислење за оваа тема го даде и некогашниот англиски репрезентативец и ас на Челзи, Френк Лампард. кој синоќа го следеше финалето во Лига Европа, во кое славеше мадридски Атлетико против Марсеј со 0:3.

„Не сум слушнал дека Симеоне е поврзуван со местото кое наскоро ќе биде празно на ова тло и не ми е јасно зошто. Арсенал многу би добил со неговото ангажирање, бидејќи тој е победник. На секој тим ќе му го даде она што му е потребно во поглед на дисциплината и работата на дефанзивата. Одлично ја работеше работата во Атлетико. Луѓето можеби имаат замерки на тој стил на игра и тој не е како оној на Сити, но пак, е ефективен“, истакна Лампард со англиските медиуми.

Така што, некогашниот играч за врска на Челзи, верува дека Симеоне би бил идеална замена за Венгер, но прашање е дали Аргентинецот е подготвен да го напушти Атлетико, како и дали е заинтересиран да почне нов проект на „Емирати“, со оглед на тоа дека на Арсенал му е потребен тотален ремонт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета верува во титулата: Сонот е жив!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во пресрет на последното коло се уште не се откажува и в…