Дома Фудбал Останато Хрватот кој соработуваше со Адеми сега ќе биде тренер и на Барди

Хрватот кој соработуваше со Адеми сега ќе биде тренер и на Барди

Како што стојат работите Трабзонспор го избрал новиот тренер, а постигнат е договор со Хрватот, Ненад Бјелица.

Хрватскиот стратег ќе го преземе актуелниот турски шампион и тој веќе е во Турција, деталите помеѓу двете страни се договорени и се очекува наскоро се да биде официјализирано.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бјелица се најавуваше како нов тренер во Динамо Загреб откако од таму си замина Игор Бишчан, меѓутоа откако не излезе ништо од неговото враќање во хрватскиот гигант ги интезивираше преговорите со Трабзон.

Така Бјелица по работењето во неговиот мандат во Динамо со Аријан Адеми, сега ќе соработува и со Енис Барди во Турција. Претходниот стратег на Трабзон не беше најзадоволен од формата на Барди и се најавуваше дека македонскиот репрезентативец ќе си замине на лето, меѓутоа ќе видиме каква ќе биде ситуацијата сега со Бјелица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…