Дома Фудбал Останато Хрватите го решија проблемот со судиите: Германци ќе го судат големото дерби, познато и колку ќе ги платат

Хрватите го решија проблемот со судиите: Германци ќе го судат големото дерби, познато и колку ќе ги платат

Крајот на овој месец во Хрватска ќе го одбележи дуелот меѓу Хајдук и Динамо, кој е закажан за 30 март на Пољуд во Сплит, а тоа ќе биде еден од клучните натпревари во трката за титулата, што е многу интересно оваа сезона во локалниот шампионат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За регуларноста на овој натпревар да биде на највисоко можно ниво, одлучено е на натпреварот помеѓу Хајдук и Динамо правдата да ја делат странски судии.

Неодамна се појави информација дека може да биде ангажиран најдобриот српски судија Срѓан Јовановиќ, но изборот падна на германскиот судија, 39-годишниот Даниел Зиберт.

Тој е еден од 33-те судии кои припаѓаат на елитната група на УЕФА и редовно судат во Бундеслигата, па беше неопходно да се издвојат значителни финансиски средства за неговото доаѓање на хрватското дерби.

Хрватскиот „Индекс“ денеска откри дека на Зиберт за овој ангажман во хрватското дерби ќе му бидат исплатени шест илјади евра, а на неговите двајца помошници по три илјади. Претходно тој беше ангажиран и во Грција каде ја делеше правдата на натпреварот меѓу Панатинаикос и ПАОК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…