Дома Останати Кошарка Евробаскет Химки славеше против Црвена Звезда во Евролигата

Химки славеше против Црвена Звезда во Евролигата

Црвена Звезда го забележа вториот пораз во Евролигата, откако вечерва загуби кај Химки со 85:78.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во рамки на третото коло, Црвена Звезда го забележа вториот пораз.

Првата четвртина беше поволна за Црвено-белите кои направија разлика од 28:20, која до полувремето се стопи во само еден поен предност 44:43.

Третата четвртина беше пресудна, па Химки зеде налет по падот на Звезда. Потоа до крајот Химки само ја оддржуваше предноста, па славеше со 85:78.

Нашиот, Перо Антиќ по 18 минути минати на теренот, постигна шест поени. Најефикасен за Звезда беше Бјелица со постигнати 15 поени, а на спротивната страна тоа беше Џејмс Андерсон со постигнати 24 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

ЛеБрон Џејмс заминува од Лејкерс!

Една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката, ЛеБрон Џејмс, ова лето ќе ги напушт…