Репрезентативецот на Македонија, Илија Несторовски во вистинско време ја враќа голгетерската форма, на три недели пред баражот во квалификациите за ЕП против Косово.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Бидејќи во Италија се одложуваат натпревари поради епидемијата на коронавирусот, Удинезе денес одигра пријателски натпревар со нисколигашот Кјарлинс Музане. Удинезе овој натпревар го доби со 13:1.
Несторовски на оваа средба успеа да постигне хет-трик за 14 минути погодувајќи во 62. , 72. и 76. минута.
Од останатите играчи пет постигна Полјакот Лукаш Теодоричик, четири Аргентинецот Де Паул и еден Бразилецот Валас Соуза.