Дома Фудбал Лига на шампиони Херојот на Реал Мадрид пред две години го гледаше финалето во Париз како навивач

Херојот на Реал Мадрид пред две години го гледаше финалето во Париз како навивач

Фудбалот знае да испише неверојатни приказни, а токму таква е онаа на фудбалерот на Реал Мадрид, Хоселу.

Хоселу во вчерашното полуфинале против Баерн Минхен во игра влезе во 81. минута и до крајот успеа да постигне два гола за голема победа на „кралевите“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Приказната за 34-годишниот Хоселу е навистина неверојатна. Имено, по натпреварот во јавноста беше објавено дека пред две години тој го гледал финалето во кое Реал го победи Ливерпул со 1:4 во Париз како навивач.

Поинтересна е и ситуацијата од 2012 година кога како млад фудбалер на социјалните мрежи барал линк да го гледа Реал Мадрид.

„Може ли некој да ми даде добар линк за гледање на Реал“, објавил Хоселу на Твитер.

Во тоа време тој беше дел од Б тимот на „кралевите“ за подоцна да замине во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…