Маркос Љоренте, младиот фудбалер на Атлетико Мадрид направи гест кој секако дека ќе го ценат и сите во Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред паузата на фудбалска Европа гледавме вистински спектакл на „Енфилд“, каде Атлетико Мадрид го елиминира Ливерпул од Лигата на шампиони.
Херој беше Маркос Љоренте, кој со два гола за дополнителното време го водеше шпанскиот клуб во четвртфиналето на елитното натпреварување.
Деновиве, играчот од средниот ред го донираше својот дрес на „Енфилд“ за да помогне во борбата против коронавирусот. Неговиот дрес беше купен за сума од 8,100 евра.