Дома Фудбал Лига на шампиони Херојот на Атлетико искрен: Славев на клупа затоа што таму поминувам повеќе време

Херојот на Атлетико искрен: Славев на клупа затоа што таму поминувам повеќе време

Maдритски Атлетико со голот на Хектор Ерера во 90-тата минута вчера успеа да извлече бод во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Јувентус.

Натпреварот на крајот заврши 2:2, а мексиканскиот играч за врска после натпреварот и голот за еден бод испрати порака до Диего Симеоне.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарите го прашаа зошто го прослави голот со соиграчите на клупата за резерви, а Ерера имаше јасен одговор.

„Го славев голот на клупата затоа што таму поминувам повеќе време“, изјави Ерера.

И навистина е така. Во четири кола од Ла Лига Мексиканецот од Симеоне не доби ниту една минута на теренот, а вчера доби 15-тина минути пред крајот.

На Симеоне внесувањето во игра на Ерера му се исплатеше и ќе видиме дали во наредниот период ќе се реши повеќе да го користи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…