Двајцата млади талентирани македонски фудбалери Леонид Игњатов и Азер Омерагиќ денес беа промовирани во редовите на Хајдук.
Игњатов и Омерагиќ се одлучија да заминат од Вардар поради финансиската криза и да побараат нова средина. Трката за нивниот потпис ја доби хрватскиот гигант.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
18 годишниот Игњатов и 17 годишниот Омерагиќ прво ќе бидат дел од вториот тим на Хајдук, а по потреба ќе бидат користени и во првата екипа. И за двајцата ова ќе биде прва интернационална авантура.
Омерагиќ игра на позцијата класичен напаѓач, додека Игњатов е крилен напаѓач.