Дома Фудбал Италија Хаос во Сампдорија: Полиција ги изнесуваше фудбалерите, Станковиќ пред отказ 🎥

Хаос во Сампдорија: Полиција ги изнесуваше фудбалерите, Станковиќ пред отказ 🎥

Екипата на Сампдорија врза четири порази во Серија А и со вчерашниот пораз од Лече овој тим остана на претпоследното место на табелата.

Навивачите се бесни, а пред крајот на натпреварот се служаа свирежи од трибините, дури се испраќаа закани. Сето тоа посебно тешко му падна на капитенот Фабио Кваљарела кој имаше солзи на очите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ултрасите на Сампдорија го блокираа излезот на стадионот, па интервенираше полицијата за да фудбалерите и стручниот штаб да може да си заминат. Во медиумите се погласни се најавите дека Дејан Станковиќ иако е само еден месец во клубот ќе добие отказ.

Се најавува дека во клубот може да се врати Клаудио Раниери кој го одби клубот во октомври кога се бараше наследникот на Марко Џампаоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…