Дома Фудбал Останато Хамшик: Македонци не ме познаа, па им кажав дека го познавам Пандев

Хамшик: Македонци не ме познаа, па им кажав дека го познавам Пандев

Легендата на Наполи и европскиот фудбал, Марек Хамшик раскажа интересна анегдота со македонски навивачи.

Сега Хамшик има сосема поинаква фризура и раскажа случка со група Македонци кои не го препознале.

„Има моменти кога луѓето не ме препознаваат. Пред неколку дена шетав и налетав на група Македонци кои сакаа да се фотографираат, но сакаа јас да ги фотографирам нив. Ги фотографирав и им реков дека го познавам нивниот поранешен капитен Горан Пандев, но не ми веруваа. Потоа отидоа на Гугл и на крајот сепак сфатија кој сум, па се фотографиравме заедно,“ раскажа Хамшик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Падна договор: Ливаковиќ ќе потпише за Барселона!

Доминик Ливаковиќ наскоро ќе стане нов член на Барселона. Каталонскиот гигант постигна усе…