Дома Останати Фјури ќе ја донира целата заработка: Не ми требаат толку пари, тие не се носат во гроб

Фјури ќе ја донира целата заработка: Не ми требаат толку пари, тие не се носат во гроб

Тајсон Фјури во сабота ќе се бори против Деонтај Вајлдер во мечот за титулата за тешка категорија во ВБЦ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со оглед на имињата кои ќе се најдат во рингот сигурно не очекува голем спектакл, а борците ќе заработат огромна сума на пари.

Фјури се одлучи заработката од овој меч да ја донира во хуманитарни цели.

„Целата заработка од овој меч ќе ја донирам за изградба на домови за бездомниците. Не ми требаат толку пари и не знам како подобро да ги искористам. Не сакам да бидам милионер или милијардер. Јас сум боксер, а не бизнисмен, а на крајот веројатно ќе завршам како и поголемиот број боксери, шворц“.

„Парите не можеш да ги однесеш со себе во гроб, па подобро да направам нешто за оние кои им е најмногу потребно“, изјави Фјури.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…