Македонската футсал репрезентација вчера забележа важна победа против Шведска во претквалификациите за Светското првенство 2024. Во Скопје Швеѓаните беа победени со 3:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија со триумфот остана на второто место кое води во финалните квалификации, меѓутоа за да останеме таму, Италија во последниот натпревар од групата на 9-ти март ќе мора да ја победи Шведска. Италијанците веќе го имаат обезбедено својот пласман во следната фаза.
Првото полувреме не донесе погодоци, а многу брзо во вториот дел со головите на Ранготов во 21-ва и 26-та минута поведоме со 2:0.
Се врати Шведска во игра со голот на Диаз во 30-тата минута. Сепак, нашите футсалци не дозволи изненадување и конечните 3:1 ги постави Леовски пред крајот на средбата.