Дома Фудбал Англија Фуриозен Манчестер Јунајтед: Ремек-дело на Переира и гол на Лукаку – пресврт за пет минути! (ВИДЕО)

Фуриозен Манчестер Јунајтед: Ремек-дело на Переира и гол на Лукаку – пресврт за пет минути! (ВИДЕО)

Саутемптон во првото полувреме во денешниот натпревар од 29-тото коло од Премиер лигата имаше предност против Манчестер Јунајтед.

Гостите на „Олд Трафорд“ до водство стигнаа со проектилот на Валери (можете да го погледнете тука) и нивната предност беше актуелна се до почетокот на вториот дел.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На почетокот на вториот дел Aндреас Переира со еден прекрасен гол од далечина погодува за изедначување на 1:1. Потоа токму онака како што паметиме од времето на Фергусон само пет минути подоцна „ѓаволите“ стигнуваат и до целосен пресврт.

Ромелу Лукаку одлично се ослободи од својот чувар во шеснаесетникот и погоди за предност на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аталанта го прегази Леверкузен за европска титула🎥

Тимот на Аталанта ја освои титулата во Лига Европа откако во финалето го надигра Баер Леве…