Дома Фудбал Англија Фулам се врати во Премиер лигата!

Фулам се врати во Премиер лигата!

Фулам се врати во Премиер лигата, а српскиот напаѓач Александар Митровиќ е на чекор од историја.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тимот на Марко Силва вчера го победи Престон со резултат 3:0 и така го официјализираше своето враќање во елитата, Фулам на табелата има 86 бодови, девет повеќе од второпласираниот Борнмоут.

Сите дилеми околу победникот против Престон Фулам ги реши во првото полувреме. Митровиќ го отвори резултатот во деветтата минута, Карваљо во 34 минута зголеми на 2:0, а со својот втор гол пред крајот на првите 45 минути Митровиќ ги постави конечните 3:0.

Со овие два гола Митровиќ стигна до 40 голови во Чемпионшип и до крајот има добра прилика да го стигна Гаја Витингем кој во сезоната 1992/1993 постигна 42 гола за Портсмут. До крајот Фулам има четири натпревари против Борнмоут, Нотингем Форест, Лутон и Шефилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанците стравуваат: Јамал за да игра на Мундијалот треба да ризикува посериозна повреда?!

Светското првенство 2026 година треба да биде сцената на која Ламине Јамал ќе го покаже св…