Дома Трансфер зона Фудбалерот на Реал Мадрид се сели во Атлетико Мадрид?

Фудбалерот на Реал Мадрид се сели во Атлетико Мадрид?

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос е незадоволен од својата улога и минутажа, поради што сака да го напушти клубот во летниот преоден рок.

Иако летово потпиша нов договор, на Себаљос дополнително му се намали минутажата и практично не игра оваа сезона, поради што речиси сигурно нема да биде повикан и за настап на ЕП.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Себаљос и претходно се поврзуваше со враќање во Бетис, но сега во игра е и Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне планира голем летен ремонт по разочарувачката сезона во сите линии на тимот, а Себаљос е една од целите.

Не би требало да биде скап, бидејќи очигледно е во трет план кај Карло Анчелоти, прашање е само дали Реал ќе сака да го засили градскиот ривал.

Сигурно дека на Себаљос не би му пречело, би останал во главниот град на Шпанија, каде е од 2017 година, освен кога две сезони мина на позајмица во Арсенал.

Себаљос пристигна во Реал за само 16,5 милиони евра, откако беше МВП на младинското Европско првенство, но никогаш не ги исполни високите очекувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…