Дома Фудбал Фудбалерите го убедуваат: Може ли Чави да ја смени одлуката и да остане на клупата на Барса?

Фудбалерите го убедуваат: Може ли Чави да ја смени одлуката и да остане на клупата на Барса?

Барселона успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите за прв пат по сезоната 2019/20, но тоа засега нема да го натера Чави Ернандез да ја смени својата одлука.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тренерот на Барселона по победата над Наполи потврди дека со него ништо не се сменило и дека верува дека на тимот му е потребна нова енергија од следната сезона.

„Едвај чекам Лигата на шампионите да се врати на „Камп Ноу“ и секако дека ќе уживам, но само како навивач. Мојата одлука не е променета“, изјави Чави.

За разлика од Чави, многу играчи по победата над наполитанците изјавија дека сакаат тој да остане на клупата и во следната сезона. Ова го кажаа и Роналд Араухо и Фермин Лопез, но и многу други претходно, но каталонските извори пишуваат дека единствената личност која може да го натера Чави да се премисли е Жоан Лапорта.

Претседателот на Барса ги разгледува сите опции, Пини Захави му го нуди Ханси Флик, а големи се шансите и Јулијан Нагелсман да биде слободен по ЕП.

Засега се останува исто, Чави си заминува на крајот од сезоната иако има договор, но во Каталонија се размислува дека добрите резултати и ваквата игра против Наполи може да му ја сменат одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нагелсман сака да го врати Нојер во репрезентацијата, но утрово доби ужасни вести од Минхен

Нојер пред две години се повлече од германската репрезентација по Европското првенство и м…