Дома Топ вести Фудбалери купени за „ситни“ пари, а станаа ѕвезди!

Фудбалери купени за „ситни“ пари, а станаа ѕвезди!

Ливерпул од почетокот на оваа година вложи многу пари за нови засилувања и со доведувањето на Ван Дијк и Алисон ги соборија рекордите за наскап дефанзивец и најскап голман во историјата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, треба да се додаде и тоа дека во јануари Ливерпул инкасираше 160 милиони евра од продажбата на Кутињо во Барселона. Покрај Ван Дијк и Алисон на „Енфилд“ ова лето пристигнаа уште Набу Кеита (52 милиони фунти) и Фабињо (43 милиони фунти).

Сепак, „црвените“ во минатото покажаа дека знаат да донесат неверојатни засилувања за малку пари, а во некои случаи и бесплатно.

Секако, меѓу најважните се Филипе Кутињо кој беше купен „само“ 10 милиони фунти. Потоа Џејмс Милнер кој дојде како слободен играч, но и Мохамед Салах кој беше платен 50 милиони евра, а во моментов неговата цена изнесува 200 милиони евра.

Меѓу добрите трансфери секако треба да се спомене и тој на Луис Суарез кој пристигна за 22 милиони евра, а беше продаден во Барселона за 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…