Дома Фудбал Останато Францускиот гигнат доби нов сопственик – се создава „нов ПСЖ“

Францускиот гигнат доби нов сопственик – се создава „нов ПСЖ“

Американскиот бизнисмен Френк Мекорт за сума од 45 милиони евра стана сопственик на славниот француски фудбалски клуб, Олимпик Марсеј.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мекорт, кој на јавноста ѝ е познат и како поранешен сопственик на бејзбол тимот ЛА Доџерс, преку француските медиуми порачал дека во наредните четири години во клубот ќе вложи 200 милиони евра.

Истовремено американскиот бизнисмен го именуваше Жак-Анри Еро за нов претседател на клубот.

„Денес започнува ново поглавје во историјата на Олимпик Марсеј. Ќе го вратиме клубот на патеките на славата“, порача 63-годишниот Мекорт.

Продажбата може да го спаси великанот на францускиот фудбал од просечноста во која се наоѓа во изминатите неколку сезони, минатата сезона Марсеј заврши на 13-то место, а во тековната по девет одиграни натпревари е на 12-то место.

Новиот газда најави доведување на звучни имиња и скапи засилувања, па медиумите најавиваат дека е можно да се создаде „нов Пари Сент Жермен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Босанецот Алајбеговиќ постигна спектакуларен гол против Катар (Видео)

Фудбалската репрезентација на БиХ игра важен натпревар во Сиетл за влез во нокаут фазата н…