Челниците на Пари Сен Жермен преговараат со Килијан Мбапе дали постои можност францускиот репрезентативец да го продолжи договорот со клубот од Париз.
„Л’Екип“ наведува дека претставниците на Мбапе и ПСЖ разговарале за тоа како ќе изгледа иднината на најдобриот фудбалер на „светците“ следната сезона, но француските медиуми тврдат дека нема многу работи во кои двете страни имаат исто мислење.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мбапе има договор со францускиот шампион до 30 јуни следната година. Тој пред неколку недели им порача на клупските челници дека нема да ја продолжи соработката со клубот од Париз до 30 јуни 2025 година.
Француските медиуми потсетуваат дека тоа во пракса значи дека Мбапе би можел без обештетување да го напушти ПСЖ на крајот од следната сезона.
Раководството на „Светците“ се обидува да го убеди Мбапе да не го напушта клубот следното лето како слободен играч, бидејќи тоа би му предизвикало бројни финансиски проблеми на шампионот на Франција.
Тие го потсетија Мбапе на неговото ветување дека нема да го напушти ПСЖ без отштета, бидејќи во тој случај клубот од Париз може да има проблеми со финансискиот фер-плеј.
Француските медиуми истакнуваат дека челниците на ПСЖ се под голем притисок, бидејќи доколку сакаат да заработат на трансферот на Мбапе, треба да го продадат својот најдобар играч до крајот на август.
Мбапе (24) во ПСЖ пристигна во 2017 година од Монако, а за клубот од Париз одигра 260 натпревари и постигна 212 гола.
Kylian Mbappé saga continues 🔛
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 5, 2023
◉ PSG have same position since May: sign new deal or leave the club now.
◉ No veto for Real Madrid, PSG are open to negotiate in July/August.
◉ PSG still hope to extend otherwise will decide final price for Mbappé.
🎥 https://t.co/xQb1uw8bgS pic.twitter.com/xzYnlCRnfs