Дома Топ вести Французите повторно на старата тема: Таткото на Нејмар се договорил со Реал Мадрид!?

Французите повторно на старата тема: Таткото на Нејмар се договорил со Реал Мадрид!?

neymar

Повторно Французите пишуваат за потенцијалниот трансфер на Нејмар во Реал Мадрид.

Од поодамна се пишува дека Нејмар не е среќен во Париз и дека сака враќање во Шпанија како негова дестинација во главно се споменуваше најголемиот ривал на неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова лето „кралевите“ останаа без Кристиано Роналдо и многумина токму во Нејмар гледаат адекватна замена за Португалецот, а денес францускиот „Ле10Спорт“ пренесува дека преговорите помеѓу таткото на Нејмар кој е и негов менаџер со Реал Мадрид се во тек подолго време.

Споменатиот медиум додава и дека конечно истите вродиле со плод, односно дека таткото на Нејмар ги договорил условите на неговиот син во Мадрид кои не се откриваат.

Сепак и да е така, на Реал би му преостанал потешкиот дел од работата, а тоа е да се убедат богатите сопственици да ја продадат нивната прва ѕвезда.

Треба да се потсети и дека сонародникот на Нејмар, легендарниот Ривалдо неодамна тврдеше дека според него Нејмар порано или подоцна ќе го облече дресот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…