Дома Останати Франција е нов светски шампион! Лено и Лакрабер на тронот

Франција е нов светски шампион! Лено и Лакрабер на тронот

Женската ракометна репрезентација на Франција ја симна Норвешка од тронот и стана светски шампион!

Во финалето во Хамбург, Франција ја победи Норвешка со 23-21, а вардарките Лено и Лакрабер одиграа клучна улога.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешка влезе во финалето како фаворит, но Французинките уште од почетокот покажаа дека атакуваат на златото, па на полувреме заминаа со предност од 11-10.

Почетокот на вториот дел донесе интересна игра, Франција поведе со 14-11, но Норвежанките се вратија, па возбудливо беше до самиот крај.

Јунаци на Французинките се токму двете ракометарки на Вардар. Лакрабер го постигна последниот гол во финалето и ја потврди победата за титули,а додек Лејно го одбрани последниот напад на Норвешка.

Најефикасни поединки во финалето беа Ует со четири гола за Франција и Мерк со седум гола за Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…