Дома Останати Фото: Ѓоковиќ ја оперирал десната рака!?

Фото: Ѓоковиќ ја оперирал десната рака!?

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Австралија Опен со поразот од Кореецот Хејун Чунг, но во тој меч можеше да се забележи дека Новак има проблеми со повредата на раката.

Поради таквата ситуација во медиумите голема прашина се крена по вчерашната фотографија од српскиот тенисер на која може да се види дека неговата десна рака е бандажирана.

Веднаш започнаа шпекулации и коментари дека тоа е така поради што направил операција, што доколку е точно сигурно го очекува подолга пауза.

Сепак, потврда од Ѓоковиќ нема, па не е ништо потврдено…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Крај на една ера: Вавринка го одигра последениот меч на грен-слем турнир

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка го одигра својот последен натпревар на гран слем турнир…