Португалија ја совлада Словенија на пенали и се пласираше во четвртфиналето на ЕП. Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 0:0, како и дополнителните половина час игра. Во продолженијата најпрвин Кристијано Роналдо промаши пенал, а потоа на другата страна Бенјамин Шешко промаши чиста ситуација 1 на 1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На него блескаво реагираше португалскиот голман Диого Коста. Тој потоа во пенал серијата ги одбрани сите три удари на Словенците.
На тој начин собори два рекорди – стана првиот во историјата на ЕП кој одбранил 3 пенали во серија и првиот во историјата на ЕП што не примил гол по изведување на пенали. Португалија во четвртфиналето ќе игра против Франција.
