Дома Фудбал Репрезентации „ФорФорТу“ предвидува: Елмас е помеѓу седумте млади ѕвезди кои можат да блеснат на Евро!

„ФорФорТу“ предвидува: Елмас е помеѓу седумте млади ѕвезди кои можат да блеснат на Евро!

Eден од најпопуларните фудбалски магазини „ФорФорТу“ најавуваше кои млади ѕвезди можат да блеснат на Европското првенство, а помеѓу нив се најде и нашиот Елиф Елмас.

Помеѓу седумте млади ѕвезди се Англичанецот Фил Фоден од Манчестер Сити, најскапото засилување во историјата на Атлетико, Жоао Фликс, талентираниот фудбалер на Хоалндија, Рајан Гравенбер, Педри од Барса, Доминик Шобошлај, „несудениот“ наш репрезентативец Дејан Кулушевски и македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Македонија е дебитант која сака нови изненадување на првиот настап на големата сцена, Елмас игра важна улога кај дебитантот тоа го покажа и во победата со Германија од 2:1. Веќе зад себе има 80 настапи за Наполи, а со добар настап на Евро 2020 може цената значително да му се зголеми“, пишува „ФорФорТу“.

Елмас ќе потсетиме беше стрелец и вчера во првиот контролен натпревар против Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…