Дома Фудбал Англија Фоден за натпреварот со Клуб Бриж: Пеп на полувремето беше бесен како ретко кога

Фоден за натпреварот со Клуб Бриж: Пеп на полувремето беше бесен како ретко кога

Фудбалерот на Манчестер Сити Фил Фоден откри дека Пеп Гвардиола бил многу нервозен на полувремето од натпреварот со Клуб Бриж.

Сити дојде до победа против Бриж од 4:1, но на полувремето резултатот беше 1:1.

„Не бевме на нашето ниво во првото полувреме и затоа противникот се врати во ритам. Гвардиола беше лут на полувремето како ретко кога, бараше да ги следиме неговите совети. Откако започнавме да играме онака како што знаеме немаше проблеми, па сите бевме задоволни“, истакна Фоден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе јасно побара Златна топка и изнесе аргумент кој тешко се оспорува

Килијан Мбапе се најде во центарот на уште една голема дебата за добитникот на Златната то…