Дома Останати Флојд Мејведер објави крај на кариерата: Моето здравје е најважно

Флојд Мејведер објави крај на кариерата: Моето здравје е најважно

Eден од најголемите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер одлучи да каже – доста!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На 42 години Мејведер донесе одлука да стави крај на кариерата. Последен пат во рингот Флојд беше во 2017 година кога во Лас Вегас се бореше против Конор Мегрегор, а од тогаш се шпекулираше дека ќе има нова борба со Мани Пакјао или Канело Алварес, сепак тоа нема да се случи.

„Ме бараа неколку пати да се вратам во рингот, но моето здравје е мое богатство. Боксот е брутален спорт. Ќе продолжам да патувам и да учествувам во егзибициони борби, сосема добро заработувам и така, повеќе отколку од некои боксери“, изјави Мејведер.

Кариерата Мејведер ја завршува со скор 50:0 и 12 светски титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…