Дома Фудбал ФИФА пресече: Нема веќе кому му се допаѓа, а кому не!

ФИФА пресече: Нема веќе кому му се допаѓа, а кому не!

Се ближи полека СП во Русија, а Меѓународната фудбалска федерација одлучи дека е вистински момент да ги „размрда духовите“ ширум светот.

Имено, ФИФА донесе одлука на СП во Русија да биде користена ВАР технологијата, поточно „видео асистент“ што Хотспорт веќе и најави.

Употреба на снимка ќе биде дозволена меѓутоа во четири ситуации: за погодок, за црвен картон, досуден или недосуден пенал и грубо прекршување на некое од фудбалските правила или судиските грешки, како што е пример давање картон на погрешен играч.

Судијата има право на основа на снимката да ја промени одлуката, но не е обврзан.

Ова без сомнеж одекна ширум светот, бидејќи на одреден број навивачи употребата на видео-снимката им се допаѓа, додека останатите сметаат дека видео технологијата ја „уништува душата“ на фудбалот па оттаму се жестоки противници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фердинанд удри по Јунајтед: Како Комо да играше со 12 фудбалери!

По поразот од 4-1, Рио Фердинанд остро ја критикуваше играта на Манчестер јунајтед, а упат…